Белата куќа ќе побара од Конгресот 5,9 милијарди долари за штетите од „Харви“

Од:

Белата куќа има намера да побара од американскиот Конгрес првично 5,9 милијарди долари за помош на загрозените од ураганот „Харви“, пренесуваат американските медиуми.

Предлогот на Трамп, за кој тој се консултирал со високи функционери на својата Републиканската партија, е само првиот од серијата финансиски пакети, коишто по својот вкупен износ би можеле да се споредат со оние од 2005 година за помагање на жртвите на ураганот „Катрина“. Штетите тогаш ги чинеа САД над 100 милијарди долари.

Претставник на администрацијата изјави дека планот ќе биде доставен денеска во Конгресот, а на гласање веројатно ќе биде ставен идната седмица.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски