Белата куќа ја објасни изјавата на Бајден за нуклеарен армагедон

Од:

Немаме причина да ја актуелизираме нашата стратешка нуклеарна позиција, исто како што немаме индикации дека Русија се подготвува да користи нуклеарно оружје на непосреден начин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан Пјер.

Оваа изјава доаѓа еден ден по изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека за првпат по Студената војна, светот се соочува со ризик од нуклеарен Армагедон.

На прашањето дали предупредувањата на Бајден се поврзани со нови разузнавачки информации достапни за САД, портпаролката на Белата куќа одговори: „Не“.

Таа додаде дека зборовите на Бајден се засилена верзија на претходните изјави од Белата куќа, кои покажуваат колку сериозно се сфаќаат заканите на Русија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Трамп му е многу лут на Путин

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ