Белата куќа ги обвини Путин и Русија за уривањето на авионот во Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин и Русија „сносат вина“ за уривањето на малезискиот авион во источна Украина во четвртокот, соопшти синоќа Белата куќа, најавувајќи дека САД заедно со ЕУ и членките на Г-7 работат на воведување дополнителни санкции кон Москва.

– Она што го знаеме е дека авионот на „Малезија Ерлајнс“ бил соборен со ракета истрелана од земја. Таа е лансирана од реон кој е под контрола на сепаратиситите и во кој Украинците во тоа време не користеле противвоздушни оружја. Врз основа на тоа заклучивме дека Владинмир Путин и Русите сносат вина за оваа трагедија, изјави портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест.

Белата куќа информира и дека американскиот потпретседател Џо Бајден разговарал со украинскиот претседател Петро Порошенко за истрагата за авионската несреќа и за политичките случувања во Украина, при што добил уверувања дека и покрај распадот на владината коалиција, Владата во Киев ќе продолжи да ги спроведува важните економски реформи.

Порошенко при тоа ја обвинил Русија дека „продолжува да им доставува тешко оружје и опрема на сепаратиститте“, нагласувајќи и дека украинските сили „се почесто се цел на директна стрелба на руската страна на границата“.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија