Белата куќа ги негира медиумските извештаи за наводен нацрт-меморандум меѓу САД и Иран

Од:

Белата куќа денес ги негираше медиумските извештаи за содржината на наводниот нацрт-меморандум за разбирање меѓу САД и Иран, нарекувајќи ги „целосно измислени“.

„Овој извештај од медиумите контролирани од Иран не е вистинит, а Меморандумот за разбирање што го објавија е целосна измислица. Никој не треба да верува во она што го објавуваат иранските државни медиуми. Фактите се важни“, соопшти официјалниот профил на Белата куќа на Твитер.

Одделно, портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, го повтори тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека преговорите меѓу двете страни одат добро.

Би можело да ве интересира

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран

Иран: Вашингтон мора да ги исполни условите на Техеран доколку сака крај на војната

САД: „Подготвени сме за напад“

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Ирак постигна договор со САД: Нафтата повторно ќе минува низ Ормутскиот теснец

Горан Наумовски