Русија никогаш не била под закана од НАТО, вели портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, како одговор на рускиот претседател Владимир Путин, кој ги стави руските нуклеарни сили во „специјална готовност“.
„Ова навистина е шаблон што го гледаме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, а тоа се производство на закани кои не постојат за да се оправда понатамошна агресија и меѓународната заедница и американскиот народ треба да гледаат на ова преку таа призма“, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во интервју за „Еј-би-си“.
„Ние се спротивставуваме на тоа и имаме капацитет да се одбраниме, и да повикаме гласно за тоа што Путин го прави“, додаде таа.