Бела куќа: Нема поголема мобилизација во Северна Кореја

Од:

 САД сериозно ги сфаќаат воените закани од Северна Кореја, но досега не е забележена поголема мобилизација или разместување на силите во земјата, соопшти денеска Белата куќа.

– Не видовме никакви активности кои би ја поддржале реториката. Би рекол, дека и покрај острата реторика што ја слушаме од Пјонгјанг, не забележуваме промени на положбата на воените сили, истакна портпаролот на Белата куќа Џеј Карни.

Во меѓувреме, новата јужнокорејска претседателка Парк Геун-Хје се закани со силна воена одмазда на каква било провокација од Северна Кореја, откако Пјонгјанг соопшти дека двете земји сега се во состојба на војна, продолжувајќи ја вербалната војна на Корејскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина

САД нудат „трајно партнерство“ меѓу Вашингтон и Киев

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени