Бела куќа: Не сме изненадени од изјавата на Пригожин за мешање во изборите во САД

Од:

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер денеска изјави дека Белата куќа не е изненадена од изјавата на рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин, кој кажа дека се мешал во изборите во САД и дека ќе продолжи тоа да го прави.

-Овие коментари… не ни кажуваат ништо ново или изненадувачко, изјави Жан-Пјер, пренесена од британските медиуми.

Таа истакна дека е добро познато и добро документирано дека субјекти поврзани со Пригожин се обиделе да влијаат на избори ширум светот, вклучувајќи ги и САД.

-Се мешав и ќе се мешам во американските избори, изјави вчера рускиот олигарх Пригожин во пресрет на денешните избори за американскиот Конгрес. Тој, како што наведуваат британските медиуми, на Запад се смета за спонзор на таканаречените „ фарми на тролови“ или лица кои имаат задача на Интернет да го шират прорускиот наратив во американското јавно мислење.

Изјавата на Пригожин е прво јавно признание на едно од лицата за кои Вашингтон се сомнева дека се обиделе да влијаат на американската политика, пренесуваат британските медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Стармер: Преговорите со САД за трговскиот договор „добро напредуваат“

Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Русија: Не може да го прифатиме сегашниот мировен договор на претседателот Трамп

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск