Бела куќа: Бајден ја поддржува Африканската унија да стане членка на Г20

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден планира на претстојниот самит меѓу САД и Африка да објави дека неговата администрација ја поддржува Африканската унија да се приклучи на групата 20 најразвиени земји (Г20) како нејзина постојана членка, соопшти Белата куќа.

Африканската унија претставува 54 земји од африканскиот континент, а Г-20 се најголеми светски економии, како и економии кои брзо се развиваат, и заедно сочинуваат повеќе од 80 отсто од светскиот бруто домашен производ (БДП). Јужноафриканската република во моментов е единствената членка на Г20.

Директорот за африкански прашања во Советот за национална безбедност на САД, Џад Девермонт, рече дека е крајно време Африка да има постојано место на масата во меѓународните организации и иницијативи.

„Потребни ни се повеќе африкански гласови во меѓународните дискусии за глобалната економија, демократијата, владеењето, климатските промени, здравствената заштита и безбедноста“, додаде тој.

Бајден покани 49 африкански лидери да учествуваат во работата на тридневниот самит во Вашингтон, кој започнува во вторник.

Претставувањето во Г-20 ќе им овозможи на африканските земји поефективно да вршат притисок врз членовите на групата да ги претворат во акција нивните ветувања да и помогнат на Африка да се справи со последиците од климатските промени.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

САД: Можеби нема смисла Зеленски да дојде доколку нема конечна верзија на договорот

АП: Трамп подготвува повеќе од 100 извршни наредби на првиот ден во Белата куќа

Бајден со осуда за терористичкиот напад во Магдебург, го нарече „ужасен“ и „одвратен“

А1он

Барање до Бајден пред заминување – да им ги ублажи смртните казни на десетици осуденици

А1он