Беата Шидло официјално именувана за премиер на Полска

Од:

Полскиот претседтаел Анджеј Дуда денеска официјално ја именуваше потпретседателката на конзервативната партија Право и правда (ПИС), Беата Шидло за нов премиер на Полска.

Именувањето на Шидло уследи откако вчера досегашната премиерка Ева Копач официјално поднесе оставка на функцијата, по поразот на нејзината демохристијанска партија Граѓанска платформа (ПО) на изборите на 25 октомври.

Составот на владата на Шидло, беше соопштен уште во понеделникот, но во согласност со законските процедури, новите министри ќе положат заклетва на 16 ноември, по што на 18 ноември Сејмот треба да гласа за доверба на владиниот кабинет.

Гласањето во Сејмот се смета за чиста формалност, бидејќи ПИС на изборите освои апсолутно мнозинство, односно 235 од 460-те пратенички места.

ПО во новиот состав на Сејмот обезбеди 138 пратеници, десната популистичка партија Кукиз 15 освои 42 мандати, либералната партија Умерени – 28, а аграраната центристичка Полска народна партија (ПСЛ) 16 пратенички места. Едно место во Сејмот е загарантирано за претставник на германското малцинство.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата