Беата Шидло: Бегалската криза не треба да се „извезува“ во рамките на ЕУ

Од:

Солидарноста меѓу земјите од ЕУ е важна, но не треба едни држави да им префрлаат проблеми на своите сојузници, кои сами си ги создале, изјави денеска новоизбраниот полски премиер Беата Шидло.

Во својот говор пред Долниот дом на полскиот Парламент, Шидло ги осуди нападите во Париз од минатата недела. Таа истакна дека приоритет на нејзината Влада ќе биде да ја гарантира безбедноста на полските граѓани и да се бори за безбедноста во ЕУ, не посочувајќи конкретни мерки.

Шидло вети солидарност и помош за бегалците, но нагласи дека „прашањето за солидарноста треба појасно да биде дефинирано“. Според неа не може да се наречат солидарност „обидите за извезување проблеми, кои се создадени од некои земји без учество на други“.

Таа ги потенцира трите приоритети на нејзината Влада, а тоа се внатрешна безбедност во услови на воен конфликт долж границите, економска безбедност главно во областа на енергетиката и Полска да заземе силна позиција на меѓународната арена.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата