BBC им забрани на своите вработени да јадат банани бидејќи ова овошје е опасно за една нивна колешка која страда од алергија.
Насекаде низ компанијата има постери на кои има слики од банани, но прешкртани и ги опоменуваат колегите на солидарност поради тоа што нивната колешка има здравствени проблеми.
Бананата предизвикува два вида на алергиски реакции, првата е реакцијата на полен, при која доведува до чешање и отекување, додека втората е поопасна, а тоа е анафилактички шок, каде дишните патишта отекуваат и се стегнуваат.