Башелет: Целото човештво е во опасност од руската нуклеарна закана

Од:

Високата комесарка на Обединети нации за човекови права Мишел Башелет истакна дека руската инвазија врз Украина ќе има „огромно влијание“ врз правата на милиони луѓе.

Зголеменото ниво на закана од нуклеарното оружје ја нагласуваат сериозноста на ризиците по целото човештво, истакна Башелет во говорот пред Советот за човекови права на ОН во Женева.

Башелет наведе дека досега во Украина загинале 227 цивили, меѓу кои и 15 деца, но таа нагласи дека вистинските бројки најверојатно се многу повисоки.

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров претходно ги обвини западните политичари дека се фокусираат на нуклеарна војна.

– Јасно е дека Третата светска војна може да биде само нуклеарна. Би сакал да истакнам дека идејата за нуклеарна војна постојано кружи во главите на западните политичари, а не во главите на Русите, изјави Лавров во онлајн интервју за руски и за странски медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

Енергетски објекти во Русија денеска беа нападнати од Украина

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина