Сирискиот претседател Башар ал Асад денеска престојува во Иран, каде во Техеран се сретна со врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, јавија иранските државни медиуми.
Според извештајот на иранската агенција ИРНЕ, ова е вторпат Асад да го посети Техеран од почетокот на војната во Сирија во 2011 година.
Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан за време на посетата на Дамаск во март оваа година изјави дека приоритет на Иран е зајакнување на стратешките врски со Сирија на глобална сцена, што се менува по воената интервенција на Русија во Украина, пренесува агенцијата.
Извор: МИА