Басеску: Во Романија има атмосфера на хибридна војна

Од:

Поранешниот претседател Трајан Басеску изјави денеска дека во Романија има атмосфера на хибридна војна.

– Хибридна војна значи војна која не се води со тенкови, не се води со вообичаено оружје, туку се води преку дезинформации, со манипулација до уривање на институциите на државата, изјави Басеску за романската државна телевизија.

Тој посочи дека меѓу обврските на Претседателот на државата е во вакви моменти да се погрижи државата да не се урне.

– Во такви моменти не долеваш масло на огнот. Го гаснеш огнот, бидејќи и политичката битка има лимит, до кој е легитимно да ја водиш, коментира поранешниот шеф на државата.

Басеску сега е лидер на централнодесничарската партија „Народно движење“ и е сенатор во парламентот.

Басеску вели дека е согласен со демонстрантите на Плоштадот на победата дека владата на Сорин Гриндиану треба да си замине, но додаде дека се согласува и со демонстрантите пред Претседателството, кои велат дека резултатот од изборите треба да се почитува.

Според Басеску, Социјалдемократската партија треба да продолжи да управува, но е можно набрзо да предложи друг премиер и друга влада.

Во Букурешт вечерва продолжуваат паралелните протести, јави Аџерпрес. Околу 1.500 луѓе протестираат против владата на Плоштадот на победата. Околу 1.000 луѓе се собрале пред Претседателството и инсистираат на оставка на шефот на државата со мотив дека прави поделба на земјата.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски