Басеску: Романија изгледа како потенцијална цел на Русија

Од:

На Романија се гледа како на потенцијална цел за Русија, изјави романскиот претседател Трајан Басеску. Изјавата е коментар на британскиот премиер Дејвид Камерон кој рече дека Москва може да ја дестабилизира Романија.

На прашање дали британскиот премиер Дејвид Камерон има предвид непосреден ризик за Романија, Басеску одговори дека тој визирал „ризик во времето“.

Басеску додаде дека Романија поддржува „зацврстување на источното крило како елемент за обесхрабрување“ на руската федерација и додаде дека тоа зацврстување може да се изрази и со „распоредување логистика, складишта за муниција и оружје“.

Во врска со можната закана за испораката на руски гас во зимата, Басеску вели дека бе верува дека тоа ќе се случи оти „Русите ќе загубат премногу“.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Земјотрес ја погоди Романија

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Силен земјотрес ја погоди Романија

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир