Басеску: Очекувам против мене да бидат отворени 60-80 кривични дела

Од:

Поранешниот романски претседател Трајан Басеску очекува против него да бидат започнати 60-80 кривични дела, пренесува БТА.

Во телефонско обраќање за телевизијаат Б1 ТВ, синоќа Басеску, кој беше претседател на Романија од 2004 до 2014 година, изјави дека кога го завршил мандатот како градоначалник на Букурешт и станал претседател, против него имало околу 700 жалби од иматели на национализиран имот или од ситни бизниси на кои градот им ги уништил магацините.

– Ако сум го прекршил законот ќе одговарам, но јас сум убеден дека сум постапил правилно и со почитување на законите, изјави Басеску, нагласувајќи дека за тоа ќе реши судот.

Поранешниот претседател иронично ги коментира истрагите, што обвинителството повторно ги започна за закупен од него апартман во Букурешт во време, кога тој бил градоначалник.

– Се разбира поважна е ситуацијата со еден стан, отколку како починале над илјада лица за време на револуцијата во Букурешт. Господин Тибериу Ница е многу позасегнат од куќата, отколку од тоа како умреле луѓето за време на револуцијата, коментира Басеску.

Би можело да ве интересира

Претседателски избори во Романија

А1он

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

(ВИДЕО) Епилогот од хаосот во Букурешт – Косовските фудбалери одбија да се вратат на теренот

Руски дронови создаваат паника во Романија

Во Ниш се пронајдени киднапираните три деца од Романија, за грабнувањето осомничен е нивниот татко

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожар во романскиот Парламент, во инцидентот нема повредени

Горан Наумовски