Претседателот на Романија Трајан Басеску изјави денеска дека Европската унија и НАТО мора да ја снабдат Украина со оружје која е во оружен судир со проруски активисти на исток во државата.
Басеску рече дека на самитот на НАТО в сабота ќе побара од членките на Алијансата да и помогнат на Украина со испраќање оружје.
– Ако сакаме да му дадеме на украинскиот народ шанса…мора да ја снабдиме украинската армија со се што можеме, нагласи Басеску на годишен состанок со романските дипломати.
Басеску се залага и за воведување спрема Русија на „ново ниво санкции“.
Амбасадорот на Украина во ЕУ, Константин Елисеев повика вчера за воена помош на Брисел од „големи размери“.