Баросо: Унгарија може да ја врати смртната казна само ако излезе од ЕУ

Од:

Унгарија може да ја врати смртната казна само доколку излезе од Европската унија, изјави поранешниот претседател на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо како одговор на изјавата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

– Доколку една држава-членка сака повторно да ја воведе смртната казна, таа тоа може да го стори, но тогаш ќе треба да ја напушти Европската унија, истакна Баросо во интервју, објавено вчера од унгарската телевизија АТВ.

– Обновувањето на смртната казна е едноставно невозможно за членка на Унијата. Дебатата по тоа прашање одамна заврши, додаде Баросо, кој е од редовите на истата десноцентристичка партија, Европска народна партија, како и премиерот Орбан.

Унгарскиот премиер неколку пати влезе во вербален судир во Брисел по прашања поврзани со фундаменталните вредности на Унијата. Тој минатиот месец, коментирајќи го убиството на трговец за време на вооружен грабеж на продавница, изјави дека прашањето за смртната казна треба повторно да се постави на дневен ред на дебата во Унгарија.

Во интервју емитувано во петокот тој истакна дека членовите на Унијата треба индивидуално да донесат решение за тоа прашање.

Унгарија ја укина смртната казна по падот на комунизмот во 1990 година за да го исполни клучниот услов за влез во ЕУ, чија членка стана во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија