Баросо симболично му го предаде на Јункер претседавањето со ЕК

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска на симболична церемонија му ја предаде власта на новоизбраниот Жан-Клод Јункер. Формално администрацијата на Баросо е на власт до утре на полноќ.

Баросо двата претседателски мандати во последните 10 години ги оцени како исклучителни, со големи потешкотии, но и важни работи како на политички, така и на личен план.

– Успеавме да најдеме излез од кризата која и се закани на Европа и го стави под прашање опстанокот на еврото и на Европската унија, наведе Баросо.

Тој додаде дека и утре ќе биде на работното место, кога треба да се потпише долгоочекуваниот договор меѓу Русија и Украина за достава на гас.

– ЕК е неизбежен фактор во европската конструкција и ако на немаше требаше да биде измислема. Таа ја има улогата на фудбалски судија, кој никој не го сака, бидејќи покажува жолти и црвени картони, наведе Баросо.

Јункер потенцира дека претседавањето на Баросо се совпадна со „исклучително тежок период, одлучувачки, важен момент за ЕУ“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната