Баросо: Се приближуваме до точката од која нема враќање

Од:

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо предупреди денеска во Брисел дека ситуацијата во Украина се приближува до точката од која нема враќање и оти Русија ќе ги сноси последиците доколку итно не го смени однесувањето.

– Ситуацијата во Украина драматично се влоши и се приближува до точката од која нема враќање, изјави Баросо по средбата со украинскиот претседател Петро Порошенко во седиштето на Европската унија, дополнувајќи дека истото тоа вчера телефонски му го кажал и на рускиот претседател Владимир Путин.

Баросо рече дека присуството на Русија во Украина е неприфатливо и и порача на Русија да не ја потценува одлучноста на ЕУ да ги брани принципите врз основа на кои е и формирана.

Тој предупреди дека Европската комисија подготвила нов пакет санкции против Русија, а лидерите на ЕУ на денешниот состанок во Брисел ќе одлучат за нивната примена.

– Се уште не е доцна да се запре ескалацијата и да се најде политичко решение, рече Баросо пред новинарите, дополнувајќи дека во Брисел се уште се подготвени на компромис и дијалог со Москва.

– Нашата врата е отворена, а конфликтот и конфронтациите не се во ничиј интерес, подвлече Баросо.

На заедничката прес-конференција, Порошенко рече дека Украина е „жртва на странска агресија и терор“ и оти на нејзина територија се наоѓаат „илјадници странски војници и стотина тенкови“.

Тој се согласи дека е близу точката од која нема враќање и нагласи дека е убеден оти ЕУ ќе има сила да се спротивстави на агресијата и и оти ќе и воведе на Русија нови санкции доколку не може да го промени нејзиното однесување.

– Денес е во прашање судбината на Украина, а утре можеби на целиот свет, предупреди Порошенко.

Би можело да ве интересира

Експлодираше воз: Наредена итна евакуација

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци