Баросо: ЕУ неусогласена по прашањето за Украина

Од:

Земјите од Европската унија се трудат да ги усогласат ставовите за кризата во Украина, наспроти прифатената осуда на постапките на Русија, изјави денеска претседателот во заминување на Европската комисија Жозе Мануел Баросо.

Баросо, кој треба да ја напушти должноста по 10 години на таа позиција, оцени дека украинската криза е најголема закана за безбедноста во Европа од падот на Берлинскиот ѕид.

Претседателот на ЕК истакна дека европските држави одлучиле да ја поддржат Украина и покажат дека постапките на Русија носат последици. Баросо додаде дека прифаќањето на заеднички одговор на ситуацијата се уште е во постапка, поради различните ставови на земјите членки на ЕУ.

– Да бидеме искрени, тоа е нешто што треба да го решиме, истакна Баросо.

Баросо, меѓу другото, ја поддржа одлуката на ЕК за финансиската криза што ја донесе Унијата до работ на пропаст кон крајот на 2011 година, истакнувајќи дека ЕК исправно постапила со штитењето на стабилноста на заедничката валута.

Би можело да ве интересира

Со предавање за Европската конвенција за човекови права започна Школата за јавни политики „Мајка Тереза“

Мицкоски: Владата никогаш нема да отстапи од членството во ЕУ, но без дополнителни понижувања и отстапки

Предраг Петровиќ

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала