Барнс: Путин е врвниот апостол на одмаздата, тој сè уште бара одмазда против Пригожин

Од:

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, тврди дека рускиот претседател Владимир Путин веројатно сè уште размислува како да се справи со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин. Пред еден месец, платениците на Вагнер и нивниот шеф водеа бунт во Русија.

„Бунтот на Вагнер откри значајни слабости во системот на моќ што го изгради Путин. Путин сè уште бара одмазда против Пригожин“, рече Бернс вчера на форумот за безбедност во Аспен, пишува Би-Би-Си.

Пригожин се пресели, но не е јасно каде е сега бидејќи неодамна беше во главниот град на Белорусија, Минск, но и во Русија. Шефот на ЦИА смета дека Путин се обидува да купи време додека да смисли како најдобро да се справи со Пригожин.

-Платениците на Вагнер сè уште имаат вредност за руското раководство во места како Африка, Либија и Сирија, така што Путин најверојатно ќе се обиде да ја одвои групата од нејзиниот водач, рече Барнс.

Тој додава дека Путин би можел да чека со одмазда.

„Путин е некој кој мисли дека одмаздата е јадење кое најдобро се служи ладно. Според моето искуство, Путин е врвниот апостол на одмаздата, па би се изненадил ако Пригожин избегне понатамошна одмазда“, рече Барнс.

Претходно овој месец, американскиот претседател Џо Бајден посочи дека постои ризик шефот на Вагнер да биде отруен. „Да бев на негово место, ќе внимавав што јадам. Ќе внимавав на моето мени“, коментираше Бајден.

Директорот на ЦИА е на исто мислење како Бајден.

„Да бев на местото Пригожин, немаше да го отпуштам мојот дегустатор на храна“, рече тој, додавајќи дека ЦИА има информации за бунтот на Вагнер.

Според извештаите, за бунтот однапред знаел и високиот генерал на руската армија Сергеј Суровикин. Брнс вели дека Суровикин ја нема истата слобода на движење како Пригожин.

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ