Главниот преговарач на Европската унија за Брегзит, Мајкл Барнијер и порача денеска на Велика Британија дека што побрзо ги прифати „условите за развод“ од Унијата, толку поскоро ќе биде во можност да започне преговори за идниот трговски договор.
– Што побрзо се договорат принципите на уредно повлекување, тоа побрзо ние ќе бидеме во можност да ги подготвиме нашите идни односи во трговијата – договор за слободна и фер трговија, но и за безбедност и одбрана, рече Барнијер во Европскиот парламент во Стразбур.
Оваа изјава тој ја даде додека европските пратеници се подготвуваа за гласање за „црвената линија“ која не сакаат да ја поминат во преговорите околу Брегзит.