Барние: Карантинот заврши, продолжуваат преговорите со Лондон

Од:

Главниот преговарач на ЕУ, Мишел Барние за вечерва најави продолжување на разговорите со Велика Британија за Брегзит.

Преговорите ЕУ-Велика Британија за идните односи беа прекинати минатата недела поради позитивниот тест на Ковид-19 кај член на делегација на ЕУ.

– Според белгиските правила, јас и мојот тим веќе не сме во карантин. Физичките состаноци можат да продолжат. Вечерва патувам за Лондон за да продолжам со разговорите со британскиот преговарач Дејвид Фрост и неговиот тим, напиша Барние на Твитер.

Мишел Барние денеска ги информираше земјите членки на ЕУ и Европскиот парламент за состојбата во преговорите со Велика Британија, велејќи дека „истите значајни разлики сè уште постојат“.

Преодниот период, пред конечниот излез на Велика Британија од ЕУ, завршува на 31 декември.

Брисел предупредува дека е доцна навреме да се постигне и ратификува договорот што треба да ги дефинира идните односи меѓу ЕУ и Велика Британија, особено оние што се однесуваат на трговијата.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот