Барние го предупреди Џонсон дека нема да се согласи на отстапки за Брегзит до 31 октомври

Од:

Барние, главниот преговарач на Европска Унија за Брегзит денеска предупреди дека „ЕУ во сите околности ќе продолжи да ги штити интересите на своите граѓани и компании, како и условите за мир и стабилност на ирскиот остров“.

Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 31 октомври, а прашањето за границата помеѓу Ирска, членка на ЕУ и британската Северна Ирска по Брегзит, и понатаму е главна бариера на Брегзит со договор.

Во договорот за Брегзит, што го постигна претходничката на Џонсон, Тереза Меј, тоа прашање е решено со заштитната мерка бекстоп, кој предвидува дека по излегувањето на Велика Британија нема „тврда граница“ помеѓу Ирска и Северна Ирска.

„Тврдата граница“ помеѓу Ирска и Северна Ирска може да ги обнови крвавите судири и тероризмот помеѓу ирските католици и протестанти. Додека приврзаниците на Брегзит стравуваат дека со бекстоп Велика Британија ќе остане трајно врзана за трговските правила на ЕУ.

Џонсон повеќе пати изјави дека ЕУ треба да се откаже од заштитната мерка бекстоп ако сака да избегне хаотичен Брегзит односно излегување на Велика Британија без договор.

Би можело да ве интересира

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа