Барние: Договорот за Брегзит може да не успее само поради границата на Ирска

Од:

Преговарачот на ЕУ за Брегзит Мишел Барние изјави дека договорот за излегување на Велика Британија од Унијата е речиси готов, но постои можност да не биде склучен поради несогласувањата околу границата меѓу Ирска и Северна Ирска.

– За 90 отсто од предложениот договор постигнавме согласност со Велика Британија, изјави Барние.

Британската премиерка Тереза Меј и другите европски лидери вчера повторно изразија уверување дека можат да постигнат договор за Брегзит, но двете страни не постигнаа договор за тоа како да се реши единствената копнена граница меѓу себе – помеѓу Ирска и британската Северна Ирска. Покрај тоа, Меј јасно стави до знаење дека е подготвена да размисли за продолжување на преодниот период за неколку месеци откако во март ќе ја напушти ЕУ.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно