Главниот преговарач на ЕУ за Брегзит Мишел Барние смета дека постигнувањето договор за излез на Велика Британија од ЕУ ќе биде „многу тешко, но можно“.
– ЕУ ќе остане мирна, претпазлива, конструктивна и почитувана. Техничките разговори продолжуваат, рече Барние.
На новинарско прашање дали е можен договор, Барние рече: „Мислам дека е можен договор. Многу тешко, но можно“.