Барнеа: Иран продолжува да развива нуклеарно оружје и планира да го употреби

Од:

Шефот на израелската разузнавачка служба Мосад, Дејвид Барнеа, денес го обвини Иран дека продолжува со своите напори за развој на нуклеарно оружје и негова употреба против Израел.

– Иран не се откажал од својата амбиција да ја уништи државата Израел. Идејата за продолжување на развојот на нуклеарна бомба сè уште им чука во срцата, рече Барнеа, објави Блумберг.

Според него, одговорност на Израел е да се осигура дека нуклеарната програма на Иран, која беше сериозно оштетена во заедничкиот напад на американските и израелските сили претходно оваа година, нема да биде реактивирана.

„Иран верува дека може повторно да го измами светот и да постигне уште еден лош нуклеарен договор. Ние не сме дозволиле и нема да дозволиме да се материјализира лош договор“, рече Барнеа.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Петмина Израелци ранети во пукање на Западниот Брег – Нетанјаху нареди блокада

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената