Американскиот претседател Барак Обама ја отфрли можноста за создавање зона за забранети летови над Сирија, што би ја покривале американските авиони стационирани во Јордан.
Во интервју за американската радио станица Пи-Би-Ес, Обама рече дека зоната за забранети летови нема да го реши проблемот во Сирија, забележувајќи дека таа можеби и не е вистинското решение за актуелната криза во оваа земја.
Врз Белата куќа се врши притисок, воздушниот простор над Сирија да се прогласи за зона за забранети летови, по што секој авион што би ја прекршил наредбата би требало да биде соборен.
Ваквата опција ја сугерираат некои американски политичари од редовите на Републиканската партија, како и европски дипломати, пред се, во Лондон и Париз, сметајќи дека зоната за забранети летови би можела „да го вразуми“ сирискиот претседател Башар ал Асад „да го запре војувањето против сопствениот народ“.
Ова е прва јавна реакција на Обама околузоната за забранети летови која пред две години беше воведена во Либијасо одлука на Советот за безбедност, пред соборувањето на либискиот лидер Моамер Гадафи, како и пред тоа, во Ирак, против режимот на Садам Хусеин.
Русија на неколкупати предупреди дека нема да се согласи со создавањето на ваква зона над сирискиот воздушен простор. Во разговорот за американското радио Обама првпат се огради од можноста САД да заземат страна и да се определат за некого во „верската војна меѓумуслиманите сунити и шиити“ во Сирија.
– Нашата цел не е да се вклучиме во таа војна, тукусоздавање на стабилна Влада (во Сирија) која нема да има верска определеба, изјави Обама.