Барак Обама смета дека во Северна Ирска работите се уште не се завршени

Од:

Американкиот претседател Барак Обама изјави дека сите работи околу зацврстувањето на трајниот мир во Северна Ирска, се уште не се завршени.

На средбата во Белата куќа со првиот министер на Северна Ирска, Питер Робинсон и неговиот заменик Мартин Мекгинис, по повод ирскиот празник Сент Патрик, претседателот Обама ги повикал политичките лидери во оваа британска покраина, да работат за единството на земјата.

По повод празникот на сите Ирци, американскиот претседател, традиционално се сретна и со премиерот на Република Ирска Енда Кени.

Ирскиот премиер во разговорот сегашната ситуација во покраината ја означил како „кревка“ и изразил загриженост од бомбашките инциденти и заканите за враќање на времето од минатото, исполнето су судири, немири и насилства меѓу припадниците на двете верски заедници.

Премиерот Кени, чија земја претседава со ЕУ, до крајот на јуни, ги повика Обама и САД да ја продолжат поддршката на мировниот процес во покраината.

Барак Обама во јуни година ќе престојува во Северна Ирска во рамките на самитот Г-8 чиј домаќин овојпат е Велика Британија.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски