Барак Обама побара итна акција против вирусот Зика

Од:

Американскиот претседател Барак Обама побара итна акција против вирусот Зика, кој се поврзува со раѓањето бебиња со невообичаено мали глави и недоразвиен мозок.

Обама се заложи за забрзување на работите за откривање вакцина, како и за третман на луѓето кои се погодени од овој вирус.

На американскиот континент вирусот се појави во мај 2015 година во Бразил, но брзо се прошири низ сите делови на Америка и на Карибите, па сега е регистриран во 21 земја.

Засега нема вакцина против вирусот Зика, а не постои ниту посебен третман во лекувањето.

Симптомите се налик на поблага варијанта на еден вид тропска треска, која на почетокот се манифестира со блага треска, коњуктивитис и главоболка.

Експертите предупредуваат дека поголемиот број од лицата инфиицрани со вирусот не ги манифестираат оновните симптоми, но Зика се покажа мошне опасна за бремените жени, откако се утврди дека вирусот тешко го оштетува плодот во утробата.

Десетици илјади деца во неколку земји од Латинска Америка се родени со невообичаено мали глави и недразвиен мозок, затоа што нивните мајки биле каснати од комарците што го шират вирсуот и инфицирани, дека биле бремени.

Повикот на претседателот Обама за итна акција против овој вирус доаѓа по предупредувањето на Светската здравствена организација (СЗО) дека е многу веројатно оти Зика ќе се прошири низ целиот американски континент, од Канада на север, до Чиле на југ.

Американски експерти укажуваат дека најголемата закана за САД претстои во текот на потоплите месеци оваа година, кога Зика може да се прошири на голем простор меѓу западниот брег на САД и средниот Запад, каде живеат преку 200 милиони луѓе.

Досега вирусот е регистрина кај двајца државјни на САД, како и кај тројца Британци и еден Данец. Сите претходно престојувале во некоја од земјите на Латинска Америка или во карибскиот регион.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија