Американскиот претседател Барак Обама разговараше со градоначалникот на Далас Мајкл Ролингс за активностите на локалните, државните и федералните власти во одговор на случајот со зараза на вирусот ебола и изрази гаранција за сите потребни ресурси за спречување на ширење на болеста, соопшти Белата куќа.
– Претседателот во телеофнски разговор се увери дека градоначалникот ги добива сите неопходни ресурси од федералните власти, вклучително Центарот за контрола и спречување на болести за безбедно лекување на пациентот и контрола на случајот, со цел да се избегне ширње на болеста, изјави портпарилото на Белата куќа Ерик Шулц.
Обама изрази уверување дека федералните власти ќе соработуваат со локалните власти и изрази доверба дека лекарите на САД и националната здравствена инфраструктура ќе овозможат безбедно и ефикасно справување со случајот.