Ехуд Барак, поранешен израелски премиер и началник на Генералштабот на израелската армија, даде интервју за US Foreign Policy, велејќи дека Израел „веројатно ќе ја изгуби поддршката од светската јавност“ за својот одговор на нападот на Хамас на 7 октомври.
Барак изјави дека „целта е да се ограничат воените и владините можности на Хамас во Појасот Газа. Тоа не може да се постигне само со воздушни напади. Илјадници и илјадници војници мора да бидат распоредени на терен“.
Запрашан за поддршката на САД, тој рече: „Знаеме дека за една или две недели веројатно ќе ја изгубиме поддршката на јавното мислење во многу делови од слободниот свет, а за две или три недели би можеле да ја изгубиме поддршката од многу влади во слободен свет. Мислам дека Америка ќе продолжи да биде со нас, но за нив ќе биде се покомплицирано да останат со нас“.
За воената стратегија на Израел, поранешниот премиер рече дека ќе бидат потребни „најверојатно околу 50.000 или повеќе војници за да се осигура дека ќе победат“.
„Дури и ако војната прерасне во голем регионален конфликт со Хезболах, кој има 10 пати повеќе ракети и проектили, Израел е сепак посилен. Тоа не е егзистенцијална закана, но ќе одвојте повеќе време, повеќе загуби и повеќе срам со оние кои не поддржуваат ширум светот“, рече Барак.