Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење

Од:

Американскиот државен обвинтел, Вилијам Бар, изјави дека постои „надворешно мешетарење“ во протестите со цел да се заостри ситуацијата.

Масовните протести во САД започнаа со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради агресивно апсење од полицијата.

-Гледаме дека странски актери играат за сите страни, за да се продлабочи насилството, изјави Бар на прес-конференција.

Но тој не прецизираше за кои земји станува збор.

Според него, екстремистички групи и учесници од разни политички бои, исто така, учествувале во поттикнување на насилство за време на протестите.

Државниот обвинител соопшти дека во протестните акции во САД кои започнаа на 30 мај, 114 припадици на безбедносните служби биле повредени, а 22 службеници биле хоспитализирани. Во најголем дел од тие кои се наоѓаат во болница, имале сериозни повреди на главата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол