Банкарски службеник во Кина уби двајца и рани уште двајца свои колеги

Од:

Службеник во регионалната филијала на Народната банка на Кина пукал и убил двајца свои колеги, а уште двајца други ранил, пренесе ТАСС, повикувајќи се на кинеската државна агенција Ксинхуа.

Трагедијата се случила во канцеларијата на банката во градот Дашицио, во североисточната провинција Лијонин.

Смртно се погодени директорот на банкарската филијала и претседателот на
синдикатот во неа. Двајцата ранети се во стабилна состојба.

Според очевидци, напаѓачот во филијалата упаднал со ловечка пушка и четири пати испукал кон своите колеги, по што бил уапсен.

Според првичните податоци, причина за нападот  биле расправии за пари. Мотивите на напаѓачот, меѓутоа, ќе се дознаат во текот на истрагата.

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од уривањето на дел од автопатот во Кина се искачи на 36

ВИДЕО: Се урна дел од автопат во Кина, најмалку 19 лица се загинати

А1он

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски