Најмногу 120 луѓе се удавија во несреќа на траект во Бангладеш, соопштија властите.
Несреќата се случила вчера додека имало невреме, на околу 30 километри јужно од престолнината Дака.
Траектот бил пренатрпан со луѓе, што е една од причините за чести несреќи од овој вид во Бангладеш, покрај лошото одржување.
Траектот што потонал имал капацитет од 85 луѓе, а на него се наоѓале околу 200 лица.