Спасувачите во Бангладеш се откажуваат од понатамошна потрага по преживеаните во рушевините на зградата, која што се урна пред пет дена и сега со помош на тешка машина ги отстрануваат остатоците, под кои може да се најдат уште тела, истакнаа официјални лица.
Најмалку 380 лица загинаа минатата среда кога се сруши Rana Placa, осумкатната зграда во Дака.
Спасувачите повеќе не веруаат дека под рушевните има некој жив, освен починатите.
Во зградата се наоѓале пет текстилни работилници, а во моментот на рушењето, во неа биле стотици вработени.
Околу 2.500 луѓе се спасени и извлечени од рушевините. Во рушевините вчера изби пожар, во кој беа повредени три спасувачи.
Сопствениот на зградата, Мохамед Сохел Ран вчера беше уапсен, додека се обидуваше да побегне во Индија.
Премиерката на Бангладеш, Шеик Хасина утрово го посети местото на несреќата и блиската болница во која што се пренесени повредените.
Насина нареди да се уапси Ран, кој е припадник на нејзината младинска партија.
Тој имал дозвола да подигне петкатница, но илегално подигнал уште три. Според сведоците сопственикот ги уверувал станарите дека зградата е безбедна.
И покрај тоа што банките и одредени продавници на приземјето биле иселени, работодавците на текстилните работници им наредиле да останат на работа. Неколку часа подоцна се урна осумкатната зграда.
Елена Георгиевска