Бангладеш: Пожар во урнатините на зградата, го отежнува спасувањето

Од:

Во урнатините на зградата во Дака, изби пожар, кој го отежнува спасувањето на преживеаните.

Според првичните информации, пожарот е предизвикан од искри од машина која се употребува за расчистување на урнатите делови.Четири пожарникари се префрлени во болница, пренесе „Би би си“.

Од еден дел од урнатините излегува чад, поради што спасувањето е прекинато.

Бидејќи во зградата се наоѓаше фабрика за облека, се стравува дека текстилот може да го зголеми пожарот.

banglades-preziveani283

Две лица денес се извлечени живи, а спасувачите се обидуваат да спасат уште еден преживеан, но мали се надежите дека уште некој може да биде пронајден жив.

Во несреќата до сега загинаа 377 лица, додека илјадници членови на семејства на исчезнатите работници и понатаму чекаат на местото на несреќата, каде што спасувачите уште извлекуваат загинати и преживеани.

banglades-sopstvenikzgradaСопственикот на зградата Рана Плаза, во која се произведуваше ефтина облека за западните брендови, уапсен е во близина на индиската граница и со хелокоптер е вратен во Дака.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нобеловец ќе ја предводи привремената влада на Бангладеш

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Хаос во Дака, војската е на улиците, воведен е полициски час, над 100 лица загинаа

Во Бангладеш 15 лица починаа поради жештините

Горан Наумовски

Бројот на загинати во пожарот во трговскиот центар во Бангладеш се искачи на 46

Земјотрес со јачина од 5,8 степени го погоди Бангладеш

Горан Наумовски

Голем пожар во Дака, изгоре комплекс за малопродажба на текстил со 3.000 продавници