Поранешниот министер и лидер на најголемата исламистичка партија Џамат е Ислами во Бангладеш Мотиур Рахман Низами (71) денеска е осуден на смртна казна поради злосторства против човештвото извршени во 1971 година за време на војната за независност од Пакистан.
Специјалниот суд во Дака го осуди Низами за неговата улога во убиството на илјадници луѓе за време на војната за независност против Пакистан.
Обвинението против Низами беше составено од 16 точки, вклучително геноцид, убиство, тортура, силување и уништување имот.
Пакистански војници помогнати од локални соработници убија три милиони луѓе, силуваа 200.000 жени и принудија околу 10 милиони луѓе да ги напуштат своите домови во бегалски кампови во соседна Индија за време на деветмесечната војна.