Властите во Бангладеш денеска соопштија дека ќе преместат десетиците илјади Рохинџи од пренатрупаните бегалски кампови на островот Башан Чару, кој се наоѓа во близина на Бенгалскиот Залив.
Планот за преместување на бегалците предизвика значителни контроверзии, меѓу кои и поради екстремните временски услови на островот за време на сезоната на монсунските дождови.
Куќите на Башан Чару се изградени во 2006 година со надеж дека таму ќе бидат префрлени 100.000 Рохинџи, од вкупно еден милион бегалци кои живеат долж границата со Мјанмар.
Но, таквиот предлогот повеќепати беше блокиран.
Предвидено е бегалците Рохинџи доброволно да се пријават за преместување на островот Башан Чару.