Властите во Бангладеш затворија 18 текстилни фабрики од сигурносни причини, само неколку недели по рушењето на комплексот на 24 април, во кој беа сместени погони за изработка на текстил.
Во несреќата животот го изгубија повеќе од 800 луѓе.
Ова е прва одлука за затворање на фабрики за текстил, од кои поголемиот дел се на западните модни марки. Една од фабриките е на шпанската компанија „Манго“.