Бан Ки Мун загрижен поради Египет

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун изрази загриженост поради апсењата на лидерите на организацијата Муслимански браќа и други во Египет.

Во телефонскиот разговор со египетскиот министер за надворешни работи Мухамед Камал Амра, Бан нагласил дека нема место за одмазда или исклучување на која било голема партија или заедница во Египет, се наведува во соопштението на Канцеларијата на генералниот секретар.

Во среда египетскиот јавен обвинител наложил приведување на лидерот на Муслиманси браќа, Мохамед Бадиеј и уште неколку високи исламисти, под обвинение дека поттикнуваат насилство.

Мун го потсети Амра на меѓународните обврски на Египет и потребата во потполност да се почитуваат правото на слобода, говор и одбрана, наведе „Ројтерс“.

Eлена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ