Бан Ки-мун од Кувајт допатува во Ирак

Од:

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун од Кувајт пристигна во ненајавена посета на Ирак, пренесоа француските медиуми.

Бан во Багдад веќе се сретна со ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари.

Во Кувајт генералниот секретар на светската организација повика на „нова ера во односите“ со соседен Ирак, посочуваат агенциите.

Повеќе од 20 години откако Кувајт беше окупиран од војската на поранешниот ирачки режим, Ирак внесува по пет отсто од своите приходи од извозот на нафта во специјален фонд за исплаќање на репарациите на соседниот емират.

Во Кувајт Бан Ки-мун соопшти дека ќе дејствува во нормализирањето на односите меѓу двете соседни арапски држави, „а ќе гарантира дека Багдад ќе ги исполни своите меѓународни обврски кон емиратот“.

Посетата на Бан на Багдад се совпада со периодот на заострување на напрегнатоста меѓу ирачката влада и автономниот регион Курдистан, на север на Ирак, забележуваат француските медиуми.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски