Бан Ки-мун: Намалувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров една од главните задачи на меѓународната заедница

Од:

Намалувањето на тензиите на Корејскиот Полуостров е една од главните задачи на меѓународната заедница, изјави генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун во интервју за Асошиејтид прес, јави БТА.

Според него во период од околу десет години како генерален секретар на ОН тој вложил големи напори за дијалог со Северна Кореја, со кој треба да се придонесе за мирот и стабилноста меѓу Северот и Југот. 

– Со жалење сепак треба да кажам дека ништо од тоа не се реализира поради голем број различни ситуации, причинети најмногу од провокативните активности на Севернокорејците, рече Бан. 
Тој додаде дека Северна Кореја треба да го промени курсот, како и да соработува со меѓународната заедница, која повикува за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

Би можело да ве интересира

Бан Ки-мун: Разочаран сум од тоа што Путин му го направи на украинскиот народ, но и од молкот на многу земји

Бан Ки-мун: Се надевам набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Ана Ололовска

Бан: Алепо сега е синоним за пекол, треба да продолжи евакуацијата на цивилите

Емир Латифовиќ

Бан Ки-мун сака новиот генерален секретар на ОН да биде жена

А1он