Бан Ки Мун изрази загриженост поради израелските воздушни напади на Сирија

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун изрази голема загриженост поради израелските воздушни напади во Сирија и ги повика сите страни да се воздржат.

Тој е многу загрижен поради информациите во врска со воздушните напади кои што изралеската војска ги спроведе во Сирија, соопшти синоќа портпаролот на Мун, Мартин Несирки.

Тој додаде дека ОН за сега не располага со повеќе детали за тој инцидент и дека не се во состојба да утврдат што точно се случило.

Според соопштението генералниот секретар на ОН ги повика сите страни да покажат максимална смиреност и воздржаност и да делуваат одговорно за да се избегне ескалација на судирот кој што веќе е разорен и многу опасен.

Бан Ки Мун исто така повика и на почитување на националниот суверенитет и територијален интегритет на сите држави во регионот и примена на сите резолуции на Советот на безбедност на ОН.

Во соопштението се наведува дека Бан разговарал и со генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал Арабиј. Тие двајца разговарале за ризиците за регинална безбедност, нагласи портпаролот на генералниот секретар.

Израел во недела изведе воздушен напад во близина на Дамаск, што беше втор израелски напад на Сиријската територија во рок од 48 часа.

Целта за нападот е да се спречи пренесување на оружје од либанската радикална група Хезболах, истакнаа неиуменувани израелски лица.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија