Бан Ки-мун и Барак Обама за политичко решение на конфликтот во Сирија

Од:

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и американскиот претседател Барак Обама синоќа на средба во седиштето на ОН на Ист Ривер во Њујорк, ја потенцираа важноста од изнаоѓање политичко решение на конфликтот во Сирија, јави ИТАР-ТАСС.

– Тие ја разгледаа состојбата во Сирија и се согласија дека е важно да продолжи учаството на ОН во дефинирањето на прашањето за сириското хемиско оружје, а исто така и дека е важно да се најде политичко решение, кое е неопходно со цел да се избегнат нови жртви, соопшти Прес-службата на Светската организација по средбата, што се оддржа на маргините на заседанието на Генералното собрание на ОН.

Бан и Обама ги разгледале и односите меѓу САД и Иран и ја потенцирале важноста од напредокот за нуклеарното прашање.

На средбата, исто така, станало збор и за меѓународните напори за поддршката на Конго, Мали и Сомалија, како и за прашања поврзани со правата на човекот и реформирањето на ОН.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро