Бан Ки Мун апелира Сирија да дозволи истрага за хемиското оружје

Од:

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска апелираше Сирија да дозволи меѓународна истрага за наводната употреба на хемиско оружје.

– Апелирам до сириските власти да дозволат истрага без одложување и без условување, истакна Бан, додавајќи дека многу „сериозно ги сфаќа“ американските извештаи за употреба на хемиско оружје во судирите во Сирија.

Бан на Денот на сеќавање на жртвите на напади со хемиско оружје се сретна со шефот на истражниот тим Аке Селстром. Генералниот секретар на ОН наведе дека експертскиот тим сега е на Кипар и во рок од 24 до 48 часа може да биде испратен во Сирија.

Владата на сирискиот претседател Башар ал Асад побара од ОН истрага, но одби да им дозволи на истражителите влез во земјата, барајќи нивната работа да се ограничи на испитување на наводите на режимот дека опозициските бунтовници употребиле хемиско оружје на 19 март во Алепо.

Велика Британија и Франција побараа да се испитаат тврдењата на опозицијата дека власта употребила хемиско оружје во Хомс и во Дамаск.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија