Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска побара да и се даде шанса на дипломатијата за надминување на сирискиот конфликт.
– Дојдовме до најкритичниот момент во сирискиот конфликт. Сега треба да спомнам, дека за да и се даде шанса на дипломатијата, треба да прекинат сите вооружени дејствија и да почнат преговори, истакна Бан по повод 100-годишнината на Дворецот на мирот во Хаг.
Бан го повика Советот за безбедност да се обедини и да преземе акција за постигнување на мир во Сирија.