Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изјави денеска во Женева дека сириската бегалска криза бара единствена глобална акција.
– Тука сме да укажеме на најголемата бегалска криза во нашето доба, изјави Бан, отварајќи ја конференцијата посветена на бегалците и на спроведување на планот за нивно разместување, пренесува Танјуг.
Тој додаде дека тоа бара што е можно поголема солидарност на глобално ниво.
На конференцијата говореше и високиот комесар за бегалци Филип Гранди, кој нагласи дека мора да се најде начин таа криза да се реши на похуман, поорганизиран и порамноправен начин.