Генералниот секретар на Обединети нации, Бан Ки-мун денеска апелираше до сите страни во Сирија да се продолжи евакуацијата на цивилите од Алепо.
– Алепо сега е синоним за пекол, истакна Бан.
Претходно, руското Министерство за одбрана соопшти дека заврши евакуацијата на бунтовниците и членовите на нивните семејства. Сириските бунтовници демантираа дека е завршена евакуацијата од источниот дел на Алепо.
– Само повредените и некои цивили се евакуирани, Никој од бунтовниците не е. Само се евакуирани три конвои, изјави претсатвникот на бунтовничката група Фастаким, Закариа Малахифји.